Линкови за пристапност

Поларно капење во САД


Луѓе со трчање влегуваа во ледено ладната вода во езерото Мичиген и во Атлантскиот Океан

Луѓето во САД најдоа необичен начин да се забавуваат на екстремно ладното време деновиве.

Во Милвоки, Винсконсин се организираше најладното „поларно нуркање“ изминативе децении.

Учесниците со трчање влегуваа во речиси заледената вода во езерото Мичиген, и веднаш излегуваа, покривајќи се со топли кебиња.

Сличен настан имаше и островот Кони, на брегот на Њујорк, каде илјадници влегуваа во водите на Атлантскиот Океан.

Овој настан беше организиран за собирање донации, вклучувајќи и за Аквариумот на Њујорк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG