Линкови за пристапност

Полска концентрира војска на границата со Украина


Министерот за одбрана Томас Семониак кажа дека бројот на војници во три бази ќе биде зголемен следните години за неколку илјади.

Полска вчера соопшти дека планира тројно да го зголеми присуството на југоисточната граница како одговор на зголемената активност на сепаратистите во соседна Украина. Министерот за одбрана Томас Семониак за Асошиејтед прес кажа дека бројот на војници во три бази ќе биде зголемен следните години за неколку илјади. Со прераспоредувањето постепено ќе биде променета концентрацијата на оружените сили од полската западна граница.

Во Украина и натаму е напнато и покрај примирјето во септември меѓу Киев и бунтовниците, за кои Западот вели дека ја имаат поддршката од Москва. Русија ги негира овие тврдења.

Варшава ја поддржува украинската влада во битката за задржување на својата територија.

XS
SM
MD
LG