Роднините на загинатите во авионската несреќа при што загина полскиот претседател Лех Качински пристигнаа во западна Русија во понеделникот да ги идентификуваат телата на нивните блиски.
Полска започна еднонеделна официјална жалост за починатиот претседател и други загинати во саботната несреќа. Русија одбележува ден на жалост со знамиња на половина копје.
Телото на Качински во неделата беше вратено во Варшава, каде голем број ужалени и во понеделникот се собраа пред претседателската палата да му оддадат почит.
Десетици илјади полски граѓани беа таму во неделата и стотици од нив со свеќи останаа и преку ноќта.
Сопругата на починатиот претседател, Марија, и членови на неговата влада, беа меѓу 96 лица загинати, кога авионот се урна заради густата магла.
Пораки на сочувство беа испратени од цел свет.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон за запиша во книгата на жалост во амбасадата на Полска во Вашингтон, во неделата.
Роднините на загинатите во авионската несреќа при што беше убиен полскиот претседател Лех Качински пристигнаа во западна Русија во понеделникот да ги идентификуваат телата на нивните блиски