Линкови за пристапност

Големото невреме ја забави претседателската кампања


На една недела до изборите во САД, кандидатите откажаа многу настани, вклучително и во клучните држави

На една недела до денот на гласањето, американскиот претседател Барак Обама и неговиот републикански предизвикувач Мит Ромни, ги балансираат нивните последни напори да дојдат до гласови додека десетици милиони луѓе по должина на источното крајбрежје се справуваат со масивното невреме.

Двајцата кандидати ги откажаа појавувањата на настани во вторник, и ги фокусираат пораките на жртвите на невремето повикувајќи на донации до организациите за помош.

Невремето погоди неколку политички важни држави кои аналитичарите ги сметаат за решавачки за исходот на изборите на 6 ноември, вклучувајќи ја Вирџинија, Северна Каролина, Пенсилванија, Њу Хемпшир и Охајо.

Во некои делови на Вирџинија и Северна Каролина местата за рано гласање беа затворени заради невремето, додека гласачките места во Вашингтон остануваат затворени и во вторник.

Обама се врати во Белата куќа во понеделник за да го надгледува владиното постапување по невремето. Соработници на Ромни велат дека тој може подоцна неделава да ги посети областите погодени од невремето.
XS
SM
MD
LG