Линкови за пристапност

Показни вежби, полициска и воена опрема, музички маршеви и забава за Денот на независноста

Припадниците на македонската полиција и на армијата го имаа главното внимание денеска во Градскиот парк во Скопје, каде се одржаа повеќе активности поврзани со одбележувањето на Денот на независноста на македонската држава.

Припадниците на полицијата изведоа показни вежби со боречки вештини во кои се вклучија и деца. Големо внимание привлекоа штандовите каде беа изложени вооружувањето на специјалните полициски сили, како и полициска опрема и возила. Арсеналот беше збогатен и со изложба на возила од Армијата, како и со настап на воениот оркестар кој изведе познати маршеви, но и македонски патриотски песни.
По повод Денот на независноста, во паркот беа организирани и повеќе спортски и музичко-сценски активности.


Вчитај повеќе

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG