Линкови за пристапност

Поевтин живот, контрола на имиграцијата, родови права: Различни очекувања на Американците од новиот мандат на Трамп


Поддржувачи на Трамп се фотографираат пред зградата на американскиот конгрес во Вашингтон на 18 јануари, 2025
Поддржувачи на Трамп се фотографираат пред зградата на американскиот конгрес во Вашингтон на 18 јануари, 2025

Различни се очекувања на Американците од новиот мандат на Доналд Трамп, кој денеска ќе стане 47. претседател на САД

Во јужната сојузна држава Мисисипи, очекувањата од второто претседателство на Доналд Трамп се измешани.

Боби Џо Харел гласала за Трамп.

„Би сакалa да видам дека тој дефинитивно ја презема контролата над границата и нашата ситуација со илегална имиграција. Јас сум за да му помогнам на секој што можам, особено кога се во прашање децата. Но, исто така, би сакала да ги видам моите деца и моите внуци да уживаат во Америка во која јас пораснав“, вели Џо Харел.

Трансродовото лице, њујорчанецот Анџело Мајер, е загрижено за иднината за време на администрација која изрази противење на здравствената заштита за промена на полот.

Републиканците што гледаат треба да знаат дека инвестирањето во трансродови деца е исто толку важно како и инвестирањето во нивните сопствени деца
Анџело Мајер, трансродово лице

„Републиканците што гледаат треба да знаат дека инвестирањето во трансродови деца е исто толку важно како и инвестирањето во нивните сопствени деца, бидејќи ние сме следната генерација што ќе ја води оваа земја. И имаме светли идеи, силна иднина“, вели Мејер.

Шон Кушинг сака Трамп да се фокусира на економијата.

„Само држете се до предизборните ветувања и укинете ги даноците за бакшишот онака како што тој рече дека ќе го направи“, бара Кушинг.

Џери Хелтон во Мисисипи се согласува дека економијата е главен приоритет:

„Би сакала претседателот Трамп повторно да може да ги намали трошоците за живот. Уморна сум да живеам од плата до плата“.

Во Пенсилванија, Самира Шерфауи е загрижена за влијанието на Трамп врз нејзините репродуктивни и верски права:

„Мислам дека ги губам женските права. Мислам дека го губам правото на религија затоа што гледам дека тој сака да го истакне само христијанството. Јас верувам дека оваа земја е отворена за секоја религија. Чувствувам дека секој треба да може да учи за религија во училиштата, но не само за една“.

Луѓето сакаат работа, добра економија, безбедност на границите
Рос Барера, жител на Тексас

Во Тексас, поддржувачот на Трамп Рос Барера, вели дека бизнис искуството на идниот претседател ќе помогне да се поправи земјата:

„Луѓето се уморни. Она што луѓето го сакаат овде е работа. Сакаат добра економија. Сакаат инфлацијата да се намали. Сакаат безбедност на границите. Тие сакаат нафта и гориво“.

Најважната работа што Трамп може да ја направи за гласачот од Мисисипи Јаел Фросто, е да постави јасна агенда:

„Би сакал тој да биде директен во врска со политиките што ќе ги предложи во земјата. Само за да знаеме, сите и во Републиканската и во Демократската партија, на што треба да се радуваме или да не очекуваме во следните четири години“.

Трамп ќе положи заклетва како претседател во Вашингтон на 20 јануари.

XS
SM
MD
LG