Линкови за пристапност

Подобра динамика од дел од обвинителите кои работат на предметите за Мерко, бара Јавното обвинителство


Десет активни предмети се во струшкото Јавно обвинителтво а уште пет предмети ги работи Обвинителството за гонење на организиран криминал. Од јавното обвинителство без прецизна информација што утврдил вонредниот надзор но со укажувања за обвинители околу веќе завршени предмети и насоки за тоа како понатаму да се постапува. Од 2006 година па досега за струшкиот градоначалник биле отворени триесетина предмети.

СКОПЈЕ – Јавното обвинителство денеска ги соопшти првичните информации од вонредниот надзор кој беше спроведен во струшкото Основно јавно обвинителство, битолското Вишо јавно обвинителство Битола и во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде беа чешлани речиси триесетина предмети во кои се воделе постапки против актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, кој од неодамна се најде на „црната листа“ на САД.

Дали има пропусти или не во официјалното соопштение на Јавното обвинителство прецизно не е наведено, но стои дека некои обвинители добиле укажувања да ја забрзаат диманиката во работата на предметите а некои обвинители кај кои пак предметите се веќе затворени, без да се прецизира на кој начин односно дали имало обвинание, процес пресуда или пак ниту едно од овие дејствија.

За дел од затворените предмети Комисијата која ја формираше Обвинителството испратила укажување до обвинителите кои тогаш постапувале по нив, повторно без да се прецизира што значи тоа и дали имало нотирано пропусти.

„Во текот на работата, Комисијата имаше увид во вкупно 30-тина заведени предмети од кои најстарите завршени постапки датираат од 2006 година, при што и во еден дел од веќе решените предмети Комисијата испрати укажувања до јавните обвинители во однос на нивното постапување“, информираат од Јавното обвинителство.

При проверката во струшкото Обвинителство е утврдено дека против Мерко се водат четири предмети, сите оформени во 2023 година, два предмети од 2021 година кои се во предистрага и уште четири други предмети, по два од 2019 и 2022 година кои се во работа.

„ За други четири предмети во работа (2 од 2019 и 2 од 2022), јавните обвинители кои преземале дејствија добија укажувања и насоки со цел дополнително да се динамизира постапувањето“, стои во соопштението на Обвинителството.

Листа со пет предмети каде фигурира името на Мерко има и во Обвинителството за организиран криминал. Меѓу нив е и предметот околу спорната набавка на службени возила за Општината а во овој предмет е приклучена и иницијативата на Антикорупциската комисија и извештајот на Државниот завод за ревизија.

„На надлежниот јавен обвинител му се дадени насоки за натамошно постапување во овој предмет“, влеат од Обвинителството.

Кога станува збор за Вишото јавно обвинителство во Битола испратена е насока во следниот период да врши зачестени контроли и да го следи постапувањето во сите предмети против избрани и именувани лица во основните јавни обвинителства во своја надлежност.

„Членовите на Комисијата извршија и директни разговори со јавните обвинители од кои побараа да се произнесат дали чувствувале какви било притисоци во постапувањето и дали се соочуваат со проблеми при водењето на постапките. Во исто време, членовите на Комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства “, стои во официјалната инфромација на Обвинителството.

Од јавното Обвинитество уверуваат дека во сите активни предмети против градоначалникот Рамиз Мерко ќе се превземат сите неопхонди дејства и ќе бидат испижтани сите околности а доколку се утврди кривично дело или дел ќе има и кривичен прогон.

Американскиот Стејт Депармент на минатиот месец соопшти дека Рамиз Мерко е ставен на „црната листа“ поради наоди за негова вмешаност во значителна корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството. Санкциите на САД се насочени и кон сопругата на Мерко, како и неговите три деца.

Тој пак ги замрзна сите функции во матичната партија ДУИ и најави дека ќе соработува со правосудните органи.

XS
SM
MD
LG