Линкови за пристапност

Поддршката на Кина на руската војна е закана за европската безбедност, велат САД


Ги санкциониравме релевантните фирми во НР Кина и подготвени сме да преземеме дополнителни чекори доколку е потребно, рече заменик- портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател
Ги санкциониравме релевантните фирми во НР Кина и подготвени сме да преземеме дополнителни чекори доколку е потребно, рече заменик- портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател

САД ја предупредија Кина да не ѝ помага на Русија во нејзината војна против Украина и рекоа дека се „подготвени да преземат дополнителни чекори доколку е потребно“.

Во Италија, министрите за надворешни работи од Г7 се собраа вчера за да ја потврдат својата поддршка за одбраната на Украина.

„Ние веруваме дека НР Кина ги поддржува воените напори на Русија и тоа го прави помагајќи да го зголеми своето одбранбено производство“, изјави за новинарите за време на брифингот во Вашингтон главниот заменик- портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Пател рече дека САД веруваат дека овие материјали „ги пополнуваат критичните празнини во циклусот на производство на одбрана во Русија“ и помагаат да се ревитализира руската одбранбена индустриска база.

„Поддршката на Кина активно ја овозможува руската војна во Украина и претставува значајна закана за европската безбедност“, додаде тој.

„Ги санкциониравме релевантните фирми во НР Кина и подготвени сме да преземеме дополнителни чекори доколку е потребно“.

Блинкен подоцна ќе ја посети Кина, каде што се очекува да ја искаже загриженоста на Вашингтон за поддршката на Кина за руската одбранбена индустриска база.

Пекинг го отфрли она што кинеските власти го опишаа како „оцрнување“ на Вашингтон.

„Кина го регулира извозот на артикли за двојна употреба во согласност со законите и прописите. Релевантните земји не треба да ги оцрнуваат или напаѓаат нормалните односи меѓу Кина и Русија и не треба да им наштетуваат на легитимните права и интереси на Кина и кинеските компании“, рече Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи.

Некои информации во текстот се од Ројтерс

XS
SM
MD
LG