Линкови за пристапност

Почна кампањата - и власта и опозицијата најавуваат победа


Почна кампањата - и власта и опозицијата најавуваат победа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Почна кампањата - и власта и опозицијата најавуваат победа

Кој е подобар, а кој полош, дали се предадени националните интереси, кој ја изведе земјата од меѓународната излоација, кој ја зачлени во НАТО, кој ќе води подобра економска политика, време ли е за премиер-Албанец. Од денеска па во наредните 20 дена овие теми ќе ги бомбардираат граѓаните .

Стартуваше предизборната кампања, и веќе на почетокот се покажа дека ќе има црни елементи.

Државниот врв повика на фер избори – „Очекувам од сите политички партии достоинствена кампања, со високо ниво на политичка култура, без дискредитации. Очекувам инклузивна кампања во која ќе учествуваат сите маргинализирани групи и малцинства“ – порача претседателот Пендаровски.

Да си посакаме овие избори да ги паметиме и заради нивното успешно спроведување и во овие услови.
Оливер Спасовски, технички премиер

Слична порака прати и техничкиот премиер.

„Денеска да си посакаме овие избори да ги паметиме и заради нивното успешно спроведување и во овие услови. Да биде запишано дека се организирани и спроведени со максимална заштита по здравјето на граѓаните, во фер и демократска атмосфера“ изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Во изминатите 3 години Македонија ја вративме на вистинскиот пат.
Зоран Заев, претседател на СДСМ

Владејачката партија бара нов мандат, опозицијата најавува победа на 15 јули.

„Во изминатите 3 години Македонија ја вративме на вистинскиот пат“ рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Овие 21 ден ќе бидат финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот
Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„Овие 21 ден ќе бидат финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот и преземање на контрола врз нашите судбини“ изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ, симболично од Преспа, го објави кандидатот за прв премиер-Албанец, познато име.

„Требаше да се донесе одлука која воопшто не е лесна и во кратко време. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени според одлуките што ги носи за општественото наспроти личното добро. Затоа реков ДА“ изјави Насер Зибери, кандидат на ДУИ за премиер.

На овие парламентарни избори ќе учествуваат 15 коалиции. Ќе се гласа 3 дена – на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин поради ковид-19, на 14 јули ќе гласаат немоќните и болните лица. Главниот изборен ден е 15 јули кога избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 21 часот.

XS
SM
MD
LG