Линкови за пристапност

Почна судењето за двојното убиство на Ѓорчевска и Жежовски


На обвинителната клупа покрај Љупчо Палевски - Палчо се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски
На обвинителната клупа покрај Љупчо Палевски - Палчо се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски

Мајката на убиената Вања побара јавноста да биде исклучена од судскиот процес и тој да се одвива зад затворени врати

СКОПЈЕ - Во судницата во скопскиот Кричен суд беа спроведени сите петмина обвинети. На обвинителната клупа покрај Љупчо Палевски - Палчо се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Во судницата не се присутни роднини на обвинетите а обвинетиот Манев го криеше лицето од камерите и фотоапаратите на медиумите.

Мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска, побара од судот јавноста да се исклучи јавноста од процесот поради заштита на нејзиниот приватен живот и доставила психијатриско вештачење според кое е дијагностицирано пост трауматско стресно растројство.

Според обвинението, Палевски, Манев, Кешишов и Видевски го испланирале грабнувањето на Вања за да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е обвинет дека им дал на останатите обвинети информации за движењето на неговата ќерка.

Александар Ѓорчевски
Александар Ѓорчевски

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

XS
SM
MD
LG