Линкови за пристапност

Почна операцијата Фронтекс на македонската граница

Почетокот на заедничките активности со Фронтекс, агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража, според надлежните, претставува и политичка порака на ЕУ – дека Северна Македонија и останатите земји од регионот треба да станат дел од Унијата.

Официјално стартуваше операцијата на Фронтекс во земјава. 111 полицајци од земји членки на Европската Унија ќе им помагаат на домашните институции во обезбедување на јужната граница која е на патот на т.н. западнобалканска мигрантска рута.

„Целта на оваа соработка е да се контролира протокот на мигранти, да се справиме со прекуграничниот криминал вклучувајќи шверцување на мигранти, трговија со луѓе, тероризам и зајакнување на соработката. Фронтекс распоредува луѓе и техника во Северна Македонија како поддршка на локалните власти во обезбедувањето и контролата на границите“, изјави директорот на Фронтекс, Ханс Лејтенс.

Почетокот на заедничките активности со Фронтекс, агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража, според надлежните, претставува и политичка порака на ЕУ – дека Северна Македонија и останатите земји од регионот треба да станат дел од Унијата.

Почна операцијата Фронтекс на македонската граница
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

„Минатата година западнобалканската рута сочинуваше речиси 50 проценти од нелегалните влегувања во ЕУ. Следејќи ја статистиката за миграциски движења за оваа година, Западен Балкан и понатаму останува атрактивен миграциски пат кон ЕУ. Затоа, заедничката операција која денеска ја почнуваме има за цел со заеднички сили да ги контролираме миграциските текови, поефикасно да се справиме со прекуграничниот криминал, вклучувајчи и трговија со луѓе и терорзам“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Денешниот старт на оперативната соработка со Фронтекс следи откако пред речиси шест месеци беше потпишан договорот со оваа агенција, чекор овозможен со кревањето на бугарското вето, и потоа неговото ратификување во Собранието во февруари годинава.

„Горди сме како нација што овој Договор е прв потпишан договор со Европската унија, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, коишто, со овој документ, се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ. Со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и неговата ратификација, статусот на македонскиот стандарден јазик се издигнува на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската унија, а нашата култура, јазик и идентитет, се признати и препознаени и во меѓународни рамки“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Засега, состојбата со мигрантите, според безбедносните служби, е во рамки на предвидувањата – годинава нема посериозно зголемување на нелегални преминувања. 2022 завршила со околу 30 проценти повеќе обиди за илегален влез во однос на претходната година, што е сепак помалку од останатите соседни земји каде е забележано 80 процентно зголемување на влез на мигранти кои Западен Балкан го користат како рута на патот кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG