Линкови за пристапност

Почина ирската пејачка Шинед О’Конор


Ирската пејачката и текстописец Шинед О’Конор почина на 56 години.

Таа беше позната по нејзиниот жесток и експресивен глас. О’Конор, која ја започна својата музичка кариера пеејќи на улиците на Даблин, стана ѕвезда со нејзиниот деби албум „Лавот и кобрата“ ( The Lion and the Cobra) од 1987 година.

Таа стана меѓународна сензација во 1990 година со нејзината изведба на баладата на Принц „Ништо не се споредува со тебе“ (Nothing Compares 2 U), која се најде на врвот на топ листите од Европа до Австралија и донесе повеќекратни номинации за Греми награди на О’Конор.

Во 1991 година, О’Конор беше прогласена за уметник на годината од Ролинг Стоун.

XS
SM
MD
LG