До локалните избори „Вреди“, коалиција на албански партии која е дел од владата на премиерот Христијан Мицкоски, останува во сегашната форма, но со засилена соработка и заеднички тела.
Дали тоа значи дека Беса, Алтернатива, Демократското движење се подготвуваат за скорешно обединување, Биљал Касами, еден од лидерите на коалицијата, одговори дека тоа ќе стане појасно по локалните избори кои треба да се одржан наесен идната година.
„Коалицијата `Вреди` во следната фаза ќе оди со заеднички органи, координативното тело каде секоја партија ќе има по двајца членови, претседателот и по еден заменик и претставникот на „Самоопределување“ Беким Ќоку ќе биде деветтиот член на тоа координативно тело. Дополнително ќе има и комисија за кадровски прашања која ќе ги реши сите овие работи во делот на именување и разрешување и следење на работат на нашите функционери во Владата и ќе имаме заедничка комуникација со медиумите односно портпарол на „Вреди“ до локалните избори кога планираме да одиме заедно. Од резултатите на локалните избори ќе се види дали после тоа ќе одиме со следен чекор, да одиме со една структура, една партија, сакаме како досега и натаму да одиме по природен пат. Досега комуникацијата е одлична се надеваме дека и понатаму таква ќе биде и соединувањето на органите и структурите на коалицијата да биде по природен пат“, изјави Биљал Касами.