На Мишел Платини, претседател на Европската фудбалска организација - УЕФА, не му беше прифатена жалбата за укинување на 90-дневната суспензија од страна на Светската фудбалска асоцијација - ФИФА, во време кога се бори со обвинение за корупција.
Арбитражниот суд за спорт ја соопшти пресудата во Лозана, Швајцарија, осигурувајќи се дека Платини, нема да биде во можност да присуствува на „Евро 16“ извлекувањето ждрепки, што во сабота ќе се одржи во Париз.
Судот додаде дека донел одлука оти 90-дневната забрана на Платини нема да му нанесе „непоправлива штета“. Арбитражниот суд воедно и` забрани на ФИФА да го продолжи времетраењето на забраната.
Комитетот за етика на ФИФА е подготвен да се запознае со предметот покренат против Платини, следната недела. Претседателот на УЕФА е дел од швајцарската кривична истрага, според која тој во 2011-та противзаконски земал два милиони долари од ФИФА, а што било дозволено од поранешниот директор на Асоцијацијата, Сеп Блатер.