Линкови за пристапност

Платено боледување во САД? Коронавирусот може да поттикне законски измени!


Платено боледување во САД? Коронавирусот може да поттикне законски измени!
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Платено боледување во САД? Коронавирусот може да поттикне законски измени!

Во Американскиот Конгрес се разгледуваат законски решенија кои треба да помогнат во сузбивање на коронавирусот и поддршка за погодените заедници. Меѓу предложените мерки е и платено боледување, нешто што досега не беше случај на федерално ниво.

Ели Готеј работи во ресторан и книжарница во центарот на Вашингтон. Минатиот месец тој се разболел од грип.

„Неколку дена седев дома, по препорака на лекар, за да не ги разболам другите ако се вратам на работа“ изјави Ели Готеј, Менаџер во ресторан во Вашингтон.

Истото го препорачуваат официјалните лица и за коронавирусот - aко не се чувствувате добро, останете дома.

Готеј вели дека по години работење во ресторани, ова е прво работно место кое му дозволува да седи дома, а да не ја изгуби платата.

„Кога треба да одберете дали да можете да ставите храна на маса или да седите дома кога сте болни, многу луѓе одбираат да одат на работа и болни“ објаснува Готеј.

Енди Шелал е сопственик на ресторанот каде што работи тој.

„Сум работел во ресторани. Знам како е. Воопшто не се двоумев“ вели Енди Шелал, Сопственик на ресторан.

САД се една од малкуте држави во светот без закон за задолжително боледување.

Шелал смета дека Вашингтон треба да донесе мерки за платено отсуство од работа кога работникот е болен.

„Сакам да излезам надвор да јадам, без некој да ми кашла врз храната“ вели Енди Шелал.

Истражувањата покажуваат дека платеното боледување го намалува ширењето на болести за 40 проценти за време на епидемија на грип.

Повеќето работодавци нудат платено боледување, а 12 сојузни држави, меѓу кои и главниот град Вашингтон, сега тоа го бараат задолжително.

Но, на национално ниво, една четвртина од американските работници немаат боледување. Повеќето се работници со ниски примања.

Со епидемијата на коронавирусот, овој проблем им го привлече вниманието на Конгресот и на претседателот Доналд Трамп.

„Ќе разговараме за работниците кои се платени по час. Тие треба да добијат помош, за да не ја губат платата“ изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Демократите бараат платено боледување на национално ниво со години наназад. Бизнисмените и републиканците се спротивставуваат на ваквите барања, нарекувајќи ги прескапи и рестриктивни. Но, ваквата опозиција почна да се намалува по ширењето на коронавирусот.

Шелал вели дека ова е позитивен резултат што произлегол од лоша ситуација.

„Понекогаш се потребни ситуации, како оваа со коронавирусот, да сфатиме дека начинот на кој функционираат работите не ја прави Америка одлична за живеење“ додаде Шалал.

Предложениот закон за платено боледување можеби ќе се однесува само за вонредни здравствени ситуации. Останува прашањето дали ќе важи за сезонски грип, стомачен вирус или слични ситуации, откако ќе заврши епидемијата на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG