Линкови за пристапност

Продолжена забраната за публикување на упатствата за 3Д печатење на оружје


Федерален судија ја продолжи забраната за објавување на контроверзните упатства за печатење на оружје со помош на 3Д печатачи, која беше наметната во првичната судска одлука по случајот.

Во судските документи стои дека одлуката на судијата Роберт Ласник останува валидна, се` додека случајот не биде разрешен.

Деветнаесет сојузни држави и главниот град Вашингтон, ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп велејќи дека упатствата за печатење на пластично оружје можат да бидат искористени од страна на криминалци и терористи.

Во претходната пресуда, судијата Ласник истакна дека Коди Вилсон сакал да ги објави плановите на интернет за граѓаните да можат сами да се вооружат без да бараат дозволи, сериски броеви и регистрации.

Од кампањата Брејди, која се залага за спречување на насилството со оружје ја пофалија одлуката на судијата нарекувајќи ја „огромна победа за американската јавност“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG