Кога суперјахта вредна 230 милиони долари се повлече на пристаништето Еверет, Вашингтон на поправка минатиот месец, предизвика внимание во градот со 110.000 жители.
Луксузната јахта долга над 100 метри, познат како „Амадеа“ моментално е во сопственост на американската влада, која тврди дека јахтата му припаѓа на санкционираниот руски олигарх и политичар Сулејман Керимов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
Гледајќи над пристаништето, жителот на Еверет, Боб Темплтон, се прашува кој плаќа за одржување на суперјахтата.
„Тие треба да го продадат некому и да добијат многу пари“, изјави тој низ смеа за Гласот на Америка.
Полесно е да се каже од колку да се направи.
Коментарот на Темплтон ја одразува дилемата со која се соочуваат САД додека се обидуваат да ги искористат санкциите за да ја зауздаат руската агресија против Украина.
Владата на САД ја презеде сопственоста на „Амадеа“ преку правна процедура, со крајна цел да се продаде бродот и да се префрлат приходите во Украина.
Но, друг руски бизнисмен, кој не е под санкции, го оспори тој потег, тврдејќи дека тој е вистинскиот сопственик на „Амадеа“.
Додека судовите се обидуваат да ја средат сопственоста на јахтата, даночните обврзници на САД ја плаќаат сметката: над половина милион долари месечно за одржување.
А сложената правна битка може да трае долго време, зголемувајќи ги трошоците за САД и одложувајќи ја секоја корист за Украина од запленувањето на јахтата, според Стефан Касела, поранешен американски федерален обвинител.
„Никој што е санкциониран олигарх не поседува ништо во свое име“, рече тој.
„Имате цела мрежа од трети лица кои тврдат дека го поседуваат имотот“.
Керимов не одговори на барањето за коментар.
Министерството за правда на САД одби да коментира.
Во мај 2022 година, само неколку месеци откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, властите на Фиџи ја конфискуваа „Амадеа“ на барање на американската влада.
Адвокатите кои ја застапуваат компанијата, која е сопственик на „Амадеа“ тврдат дека јахтата всушност му припаѓа на Едуард Худаинатов, поранешен извршен директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, кој не е предмет на санкции.
Тој и неговиот правен тим велат дека заплената е незаконска и заснована на „погрешна“ изјава на ФБИ.
Владата на САД не се согласува, нарекувајќи го Худаинатов како легален сопственик, [кој тоа го прави во име на друг, обично за да се сокрие идентитетот на вистинскиот соптевник] на „Амадеа“.
Додека правната битка продолжува, владата на САД плаќа за да продолжи да работи „Амадеа“.
Според судските поднесоци, одржувањето на јахтата чини приближно 600.000 долари месечно. Осигурувањето чини уште 144.000 долари месечно, а има и други периодични трошоци.