Линкови за пристапност

„Планирано родителство“ излегува од федералната програма за грантови


Новото правило од Поглавјето 10 на програмата забранува реципиентите на грантови да даваат упати на пациентите за абортус

Најпроминентната група за репродуктивни услуги, Планирано родителство, излегува од федералната програма за планирање на семејството за да ги избегне правилата за абортус на администрацијата на Трамп.

Новото правило од Поглавјето 10 на програмата забранува реципиентите на грантови да даваат упати на пациентите за абортус.

„Ние нема да дозволиме да бидеме присилени да ги криеме информациите за абортус на нашите пациенти“, кажа директорот на Планирано родителство Алексис МекГил Џонсон. „Нашите пациенти заслужуваат да донесуваат одлуки за своето здравје самостојно, а не Доналд Трамп или Мајк Пенс да одлучуваат за нив“.

Групата вели дека нивните клиники ќе останат отворени, но дека ќе мора да најдат пари да ги надоместат загубените федерални грантови.

Освен абортуси, Планирано родителство обезбедува пристап на пациентите до контрацепција, прави тестови за болести што се шират преку сексуален однос, прави скенирање за рак, обезбедува третмани за неплодност и дава други услуги. Голем дел од нивните пациенти се жени со мали примања и припаднички на малцинствата. МекГил Џонсон вели дека тие најмногу ќе бидат погодени со ова.

Но, соопштението од Одделот за здравје на САД вели дека Планирано родителство ги „отфрла своите обврски“ спрема нивните пациенти со изборот да ја одбие регулативата за добивање грантови.

Федералните жалбени судови разгледуваат дали да ги преиначат рестрикциите за упати за абортус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG