Тие не ја нарекуваат Газа. За нив е дома. За илјадници Израелци кои живееја во појасот Газа до 2005 година, кога земјата ги повлече сите сили и населби, сега имаат големи надежи дека ќе им биде дозволено да се вратат кога ќе заврши војната меѓу Израел и Хамас.
Израел не посочи дека е можно враќање.
„Денес, си размислувам: Сè уште е празно, можете да ја погледнете мапата, на Гугл. Ова е местото каде што треба да изградиме убав голем град, можеби за ултраортодоксните Евреи кои сакаат да живеат таму“, вели Анита Такер, која е родена во Њујорк.
Такер се преселила во Израел во 1960-те и живееше во населба во Газа, 30 години. Таа беше дел од групата доселеници кои израелската влада ги префрли во Појасот во 1970-тите за да го развие тамошното земјоделство.
Севкупно, околу 20 населби беа основани во Газа, многу предводени од религиозни Евреи.
Помеѓу ‘82 и ‘95 беше идилично место, тивко, прекрасен поглед на морето, многу убаво место за живеењеОрна Фридман, Израелка, некогашна жителка во појасот
Орна Фридман беше една од нив. Се преселила во појасот Газа во 1982 година, веднаш по венчавката, бидејќи многу израелски Евреи го напуштаа Синајскиот Полуостров по мировниот договор со Египет.
„Помеѓу ‘82 и ‘95 беше идилично место, тивко, прекрасен поглед на морето, многу убаво место за живеење. Луѓето беа воодушевени, велеа, 'ова е како место за одмор'“, раскажува Фридман.
Но, во средината на 90-тите, вели таа, работите почнале да се менуваат. Насилството стана рутинско, особено по првата Интифада. Многу од доселениците кои живееле во Газа велат дека одлуката на Израел да се вклучи во мировниот процес со Палестинците била грешка која им ги променила животите.
„Ужасен беше Договорот од Осло, во 1993, 1994 и 1995-та, моравме да заминеме, прво од Газа и Ерихон“, вели Деби Розен која беше портпарол на речиси 10.000 Евреи кои живееја во Појасот Газа до 2005 година.
Повеќето од нив се спротивставија на одлуката на израелската Влада да заминат, а протестите избија низ сите населби.
„Бевме евакуирани од домовите, од појасот Газа, 22 заедници, или 10.000 жители. Бевме принудени да ги напуштиме домовите“, додава Росен.
Кога Фридман ја напушти Газа, таа дојде овде, во населбата Мево Хорон на Западниот брег. Заедно со другите поранешни жители на Газа решија да ги именуваат улиците по местата каде што живееле. Како и многумина овде, веруваат дека земјата што некогаш ја окупирале му била дадена на еврејскиот народ од Бога.
Ако арапското население е подготвено да прифати дека ова е наша земја, наш дом, и тие се однесуваат како добри соседи, можеме да живееме заедноОрна Фридман
„Ако арапското население е подготвено да прифати дека ова е наша земја, наш дом, и тие се однесуваат како добри соседи, можеме да живееме заедно! Но, тие треба да разберат - кој е сопственик“, вели Фридман и додава дека е подготвена да се врати штом израелските сили ќе ја преземат контролата врз територијата.
Фридман чува слики и спомени од Газа низ нејзината куќа. Кога заминала, донела маслиново дрво и го засадила овде.
Такер, исто така, чува спомени од Газа насекаде. Но, за разлика од Фридман, таа има мала надеж повторно да живее меѓу Палестинците.
„Треба да војуваме против оние што беа поврзани масакрот, можеби веќе ги бомбардиравме. Не е добро да гинат цивили“, вели Такер која живее во рурална заедница во централен Израел каде што сите дојдоа од Газа.
Такер вели дека веќе ги планираат локациите за новите градови, што треба да се градат во Појасот Газа по војната.
„Почнуваме да разговаравме со градските планери и разговаравме со архитекти кои ги проверуваат терените, кои ги имаат мапите од минатото“, раскажува Такер.
Израелската влада не соопшти дека има намера да им дозволи на доселениците како Фридман, Розен, Такер и други да се вратат на местото што порано го нарекуваа - дом.
Владата во Тел Авив не кажа ниту што ќе се случи во Газа по војната против милитантите на Хамас, која, засега продолжува без најави за крај.