Линкови за пристапност

Малезиски авион се урнал во источна Украина


Претставник на украинското министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, кажа дека авионот бил погоден со проектил земја-воздух.

Руски медиумски извештаи велат дека малезиски авион кој летал од Амстердам кон Куала Лумпур се урнал во источна Украина, каде имаше тешки борби меѓу украинските владини сили и про-руските сепаратисти.

Претставник на украинското Mинистерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, кажа дека авионот бил погоден со проектил земја-воздух.

Малезија Ерлајнс извести на Твитер дека изгубила контакт со летот од Амстердам до Куала Лумпур над украинскиот воздушен простор во четврток. Авионот, боинг 777, носел 280 патници и 15 членови на екипажот.

Белата куќа вели дека американски официјални лица биле во контакт со украински претставници по извештаите за инцидентот, но одби да елаборира.

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара формирање на државна комисија што ќе работи со специјалистиод Меѓународната организација за цивилна авијација и други меѓународни агенции да направат истрага по уривањето. Тој кажа дека два украински воени авиони неодамна биле соборени, додавајќи: „Не исклучуваме дека овој авион бил соборен и нагласи дека украинските оружени сили не презеле никакви акции на уништување цели во воздух“.

Руската новинска агенција Интерфакс цитираше „извор во авијатичарските кругови“ како вели дека авионот се урнал близу источниот украински град Снижне. Од воздушен напад таму, порано неделава, биле убиени 11 лица. Не е јасно кој го извел тој напад; бунтовниците за тоа ги обвинуваат украинските воздухопловни сили.

Во време кога дојдоа првите извештаи за авионот во четврток, сепаратистите тврдеа дека урнале украински воен транспортен авион Aн-26 близу градот Торез, што е на помалку од 10 километри од Снижне. Во понеделник, украински воен авион Aн-26 бил соборен во украинскиот регион Луханск.

XS
SM
MD
LG