Линкови за пристапност

Индискиот Океан премногу длабок за малата подморница


Ново уназадување во потрагата по исчезнатиот малезиски авион – роботската подморница се врати на површината

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион натамошно беше искомплицирана во вторник, откако пребарувањето на дел од јужниот Индиски Океан покажа дека е премногу длабоко за минијатурна, роботска подморница.

Австралиски официјални лица кажаа дека подморницата Блуфин-21 „го надминала својот оперативен длабочински лимит од 4.500 метри и нејзината безбедносна апаратура ја вратило подморницата на површина“ по куса, честчасовна мисија.

Малезискиот министер за одбрана Хишамудин Хусеин подоцна кажа дека властите се во процес на анализирање на податоците собрани од подводното возило.

Подморницата бее испратена долу во понеделникот – речиси една недела откако опрема за лоцирање на звук примила сигнали за кои се веруваше дека се од црната кутија на исчезнатиот авион. Минаа близу 40 дена откако авионот исчезна.
XS
SM
MD
LG