Линкови за пристапност

Протест на кинеските семејства на патниците на летот 370


Откако полицијата ги спречила да стигнат до новинарите во близина, кои биле блокирани од протестите, некои од демонстрантите се судриле со полицијата.

Лути роднини на патниците од исчезнатиот малезиски авион протестираа пред малезиската амбасада во Пекинг, во вторник, додека потрагата по авионот беше суспендирана заради лошото време.

Околу 100 членови на семејствата од Кина држеа транспаренти барајќи ја „вистината“ за авионот, за кој малезиските власти заклучија дека се урнал во оддалечена област на јужниот Индиски Океан.

Во некои случаи, протестантите ги нарекоа малезиските владини претставници „лажговци“ и „убијци“. Откако полицијата ги спречила да стигнат до новинарите во близина, кои биле блокирани од протестите, некои од демонстрантите се судриле со полицијата.

Две третини од 239 лица на авионот биле од Кина, и многу членови од нивните семејства велат дека не веруваат во заклучоците на малезиската влада додека официјалните лица не обезбедат доказ.

Но доказ не се очекува брзо, бидејќи австралиските власти во вторник беа принудени да ја одложат потрагата за 24 часа заради високи бранови, силни ветрови и густи облаци.
XS
SM
MD
LG