Линкови за пристапност

Нови податоци индицираат дека авионот се урнал во Индискиот Океан


Веста ја пренесе малезискиот премиер Наџиб Разак, откако претходно биле известени роднините на патниците на летот 370.

Малезија вели дека нова анализа на сателитска дата индицира дека исчезнатиот патнички авион се урнал во јужниот Индиски Океан.

Малезискиот премиер Наџиб Разак во понеделник кажа дека подетално истражување на патеката на летот, базирано на сателитска дата собрана од британска компанија, покажало дека летот 370 на Малезија Ерлајнс паднал во вода на оддалечена локација западно од Перт.

„Со длабока тага и жалење морам да ве информирам дека летот МХ370 завршил во јужниот Индиски Океан“, рече премиерот.

Тој додаде дека на роднините на патниците на летот од Куала Лумпур до Пекинг им било кажано за судбината на Боингот 777.

Неговото соопштение дојде во време кога брод на австралиската морнарица се обидуваше да лоцира предмети видени од авион што бил во потрагата за исчезнатиот авион во јужниот Индиски Океан, југозападно од Австралија.
XS
SM
MD
LG