Потрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс продолжува да се фокусира на оддалечениот јужен Индиски Океан додека австралиските официјални лица велат дека нема цврст доказ дека двата предмети забележани во областа од сателити дошле од авионот.
Петте авиони за пребарување истражувале по оддалечената област како дел од меѓународниот напор за лоцирање на можните остатоци на летот МХ370 на Малезија Ерлајнс. Авионот исчезна на 8-ми март со 239 луѓе на него.
Авионите кои учествувувале во потрагата биле од Австралија и Нов Зеланд и еден на американската морнарица. Кина и Јапонија исто така обезбедиле помош.
До сега нема никакви знаци за тоа што се случило со авионот кој исчезна на патот од Куала Лумпур до Пекинг.
Австралија во четвртокот ги објави сателитските снимки кои покажуваат два големи објекти за кои истражителите кажаа дека може да биле дел од авионот. Едниот од предметите бил околу 24 метри долг, а другиот пет метри.
Австралискиот премиер Тони Абот на новинарите им кажа дека неговата држава „става се` што има“ во напорот да се најде авионот.