Линкови за пристапност

Тензиите еруптираа во врска со исчезнатиот авион


Роднините на патниците од малезискиот авион бараат одговори од официјалните лица на Малезија

Фрустрацијата заради немање прогрес во потрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс еруптираше во среда на дневната прес-конференција, каде кинески роднини на исчезнатите патници ги конфронтирале малезиските официјални лица.

Ужалените семејства упаднале во собата каде бил држен брифингот за новинарите, викајќи и држејќи транспаренти со барање Малезија да „ја каже вистината“ за тоа што се случило со авионот кој е исчезнат од 8-ми март.

Две третини од 227-те патници на авионот биле Кинези. Многу од нивните семејства стануваат се` полути за тоа што чувствуваат дека се контрадикторни и збунувачки информации давани од Малезија. Некои дури се заканија со штрајк со глад.

Малезиските безбедносни лица со сила ги отстраниле кинеските роднини кои плачеле и го блокирале влезот, додека голем број меѓународни и локални медиуми го снимале инцидентот.

Кога започнала прес-конференцијата, малезискиот министер за одбрана Хишамудин Хусеин кажал дека властите „прават се` што можат“ да го лоцираат авионот и да ја намалат областа на пребарување, што сега покрива повеќе од седум милиони квадратни километри.

Тој рече дека Малезија испраќа друга висока делегација во Пекинг да ги објасни деталите на пребарувањето.

Хишамудин откри дека некои податоци биле избришани од симулаторот на летање најден во домот на пилотот, Захарие Ахмад Шах, и дека вештаци се обидуваат да ги вратат. Тој нагласи дека не е најден никаков доказ што го имплицира Захарие во какво било незаконско постапување.
XS
SM
MD
LG