„Хјустон, имаме проблем!“
Втор пат, во помалку од еден месец, шкорпија е видена во авион на Јунајтед кој летал од Хјустон.
Во вторникот, шкорпија е забележана како излегува од облека на патник на летот 1035 кој сообраќал од Хјустон до Еквадор.
Авионот бил вратен назад, а медицинска екипа го прегледала патникот за да утврди дали тој се здобил со убоди од шкорпијата.
Патниците на Јунајтед веднаш биле префрлени во друг авион и добиле бесплатен оброк како компензација за задоцнувањето кое траело 3,5 часа, стои во соопштението издадено од Јунајтед. Во него се додава дека, патникот од каде излегла шкорпијата, одбил дополнителен медицински третман.
На 14-ти април, на лет на Јунајтед кој сообраќал на релација Хјустон – Калгари, Алберта, маж се здобил со убод од шкорпија.
Ова не е добро за репутацијата на авиокомпанијата, која во краток период се соочува со низа критики, меѓу кои и онаа кога еден патник беше насилно извлечен од авион на летот од Чикаго на 9-ти април оваа година, заради пребукираност.
Facebook Forum