Линкови за пристапност

Авион во Истанбул се излизга од писта и се преполови, повредени се 21 лице


Несреќата се случи еден месец откако друг авион на „Пегасус“ на 7 јануари се излизга од пистата во Истанбул на истиот аеродром, при што немаше загинати или повредени

Авион се излизга од пистата во средата на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“, по што се преполови. Патниците биле видени како се евакуираат низ пукнатините во авионот, а властите соопштија дека најмалку 21 лице е повредено.


Од телевизиските снимки може да се види дека се работи за мошне сериозно оштетување на авионот, при што трупот се искрши на три парчиња. Телевизијата НТВ објави дека авионот се запалил откако се излизгал, но соопшти и дека пожарот бил изгаснат.

Сите повредени се хоспитализирани.

Патниците биле видени како се евакуираат низ пукнатините во авионот, а властите соопштија дека најмалку 21 лице е повредено.


Авионот, на ниско буџетната авиокомпанија „Пегасус“, пристигнал од Измир, објави телевизијата НТВ. Министерството за транспорт соопшти дека 177 лица се наоѓале во авионот и нема загинати при, како што беше наречено „грубото слетување“.

Според веб-страницата Flightradar24 авионот е Боинг 737.

Несреќата се случи еден месец откако друг авион на „Пегасус“ се излизга од пистата во Истанбул на истиот аеродром, при што немаше загинати или повредени во тој инцидент на 7 јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG