Линкови за пристапност

Во авионска несреќа во Пакистан загинаа 152 лица


Во авионска несреќа во Пакистан загинаа 152 лица
Во авионска несреќа во Пакистан загинаа 152 лица

Авионот, со кој оперирала приватна компанија Ерблу, удрил во брдата Маргала Хилс во близина на главниот град

Авион со 152 лица во него се урнал во среда во близина на Исламабад при што сите загинале.

Властите велат дека претходните извештаи за преживеани не биле точни.

Авионот, со кој оперирала приватна компанија Ерблу, удрил во брдата Маргала Хилс во близина на главниот град.

Официјални лица велат дека авионот летал од Карачи за Исламабад, и се подготвувал за слетување на облачно и врнежливо време, кога се урнал.

Точната причина за уривањето не се знае во овој момент.

Портпарол на европскиот производител на авиони Ербас го потврди уривањето на еден од нивните авиони.

XS
SM
MD
LG