Линкови за пристапност

Во авионска несреќа во Либија – 103 загинати, еден преживеан


Либиски безбедносни претставници велат дека авион на Афридијах Ервејс се урнал во среда наутро во обид да се спушти на аеродромот во Триполи по летот од Јаханесбург, Јужна Африка

Либиски патнички авион се урна во главниот град Триполи, убивајќи 103 лица и оставајќи еден преживеан.

Либиски безбедносни претставници велат дека авион на Афридијах Ервејс се урнал во среда наутро во обид да се спушти на аеродромот во Триполи по летот од Јаханесбург, Јужна Африка.

Деведесет и тројца патници и единаесет членови на екипажот биле на авионот од типот Ербас, на летот А330.

Официјални лица велат дека осумгодишно момче од Холандија е единствениот преживеан од несреќата. Либиски претставник кажа дека момчето минало без повреди опасни по живот.

Либискиот Министер за сообраќај Мохамед Али Зидан кажа дека до сега се пронајдени 97 тела. Тој ја отфрли можноста за терористички акт како причина за несреќата.

XS
SM
MD
LG