ВАШИНГТОН —
Најмалку 12 лица се мртви, а повеќе од 20 сериозно повредени, при уривање на авион утрово во Казахстан. Авионот се урнал кусо по полетувањето, а во него имало повеќе од 90 патници, јавија тамошните власти.
Комисијата за цивилна авијација на Казахстан, соопшти дека авионот удрил во ограда и зграда на два ката кусо по полетувањето од Меѓународниот аеродром Алмати.
Властите отворија итна истрага, и засега не откриваат кои се можните причини за уривање на авионот.
Facebook Forum