Линкови за пристапност

Напаѓачот од Питсбург денес ќе биде изнесен пред федерален суд


Случајот со синагогата е најголем напад врз еврејската заедница во американската историја

Осомничениот за убиство на единаесет лица и повреда на шест други, вклучувајќи и полицајци во синагогата во Питсбург, Пенсилванија, денес ќе се соочи со 44 обвиненија за кривични дела, меѓу кои и за дела од омраза.

Властите велат дека 46-годишниот Роберт Бауерс минатата сабота влегол во синагогата извикувајќи дека сите Евреи мора да умрат. Веднаш потоа тој почнал да пука.

Овој случај е најголем напад врз еврејската заедница во американската историја.

На собир во Флорида, пак, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше медиумското покривање на неговата посета на Питсбург.

„Посетата на Питсбург беше да се обединиме како нација за утеха и заздравување по овој ден, за единство и обединетост. За жал дојдов дома, го вклучив телевизорот и гледав како левичарските медиуми уште еднаш ја искористија трагедијата за гнев и поделба“, рече Трамп.

По повод неговата посета, се организираа протести на улиците во Питсбург, каде насобраниот народ велеше дека неговата реторика поттикнува антисемитизам и антиимигрантските ставови кои напаѓачот ги имал против еврејската заедница што им помага на бегалците кои доаѓаат во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG