Претседателот на САД Доналд Трамп денес продолжува со кампањата, откако вчера, заедно со првата дама Меланија Трамп ја посетија синагогата Дрво на животот во Питсбург, Пенсилванија, каде беа убиени единаесет Евреи.
Првите жртви во маскарот беа погребани вчера.
Тие беа во придружба на зетот Џарет Кушнер и ќерката Иванка Трамп, која ја прифати еврејската религија откако се омажи.
Трамп и Меланија ставија камен на секоја од 11-те Давидови ѕвезди, поставени пред синагогата. Оддавање почит на ваков начин е стара еврејска традиција.
Истовремено, група луѓе протестираа во близина на синагогата, како знак на револт кон Трамп, оти веруваат дека неговата посета не е соодветна.
Протестантите, заедно со некои политичари и еврејските лидери, сакаа Трамп да не доаѓа во Питсбург додека јасно не го осуди национализмот кај белците.
Facebook Forum