Судењето на Оскар Писториус беше одложено за во петок во Јужна Африка, откако судијката го ослободи го ослободи познатиот тркач од сите обвиненија за намерно убиство, но укажа дека сепак може да биде обвинет за небрежно убиство.
Судијката Токозиле Масипа во четвртокот неочекувано го прекина рочиштето без да објави официјална пресуда за Писториус, олимписки спринтер, кој што ја уби девојката и моделот Рива Стенкамп во неговиот дом минатата година.
Масипа кажа дека обвинителите не успеале да докажат дека Писториус е виновен за убиство со умисла. Таа рече дека тој „не може да биде обвинет за убиство со намера, но дека друго обвинение за казниво убиство, може да биде оправдано.
Писториус ја уби Стенкамп преку заклучена врата на бањата во неговиот дом во фебруари 2013. Писториус изјави дека пукал мислејќи дека е во прашање провалник.
Масипа вели дека обвинетиот реагирал избрзано и користел прекумерна сила кога ја застрелал Стенкап.
Писториус плачел додека кога го слушал излагањето на судијката во судницата во Преторија.
Избегнувајќи го обвинението за убиство со умисла Писториус се спаси од потенцијална затворска казна од 25 години или повеќе. Ако биде осуден за убиство од небрежност, може да добие казна затвор од најмалку пет години затвор.