По излагање од речиси два часа, и жестоко критикување на полициската истрага на местото на убиство, судијата Дезмонд Неар во петок реши дека Писториус може да биде на слобода додека не почне судењето.
Кауцијата е околу 112 илјади долари.
Семејството на Писториус во судницата реагираше со радосни извици.
Писториус, познат по неговите високо-технолошки вештачки нозе, мина осум дена во притвор по убиството на Рива Стинкемп, во неговиот дом во Преторија, минатата недела.
Писториус вели дека пукал во Стинкемп мислејќи дека е крадец среде ноќ. Обвинителите велат дека се работи за убиство со умисла.