Линкови за пристапност

Гориво повторно тече низ гасоводот во САД


Претседателот Џо Бајден ги предупреди операторите на бензински пумпи да не ги зголемуваат цените

По шестдневниот дистрибутивен застој кој предизвика паника кај бензинските станици во делови од САД, горивото повторно почна да тече низ источниот американски цевковод што беше запрен по нападот за откуп, за кој се обвинети руски хакери познати како Дарк Сајд.

„Не паничете“, апелираше американскиот претседател Џо Бајден до возачите во четвртокот. „Ова е привремена состојба. Не купувајте повеќе бензин отколку што ви е потребен“.

Претседателот исто така ги предупреди операторите на бензински пумпи да не ги зголемуваат цените.

„Не обидувајте се да ги искористите потрошувачите во ова време“, рече тој од Белата куќа. „Никој не треба да се обидува да ја искористи оваа ситуација за финансиска корист“.

“Колонијал гасовод” направи значителен напредок во безбедно рестартирање на нашиот гасоводен систем и започна со испорака во поголемиот дел од пазарите што ги сервисираме“, изјавија од компанијата вчера.

“Гасоводот долг 8.850 километри носи околу 380 милиони литри на ден бензин, дизел и авионско гориво. Поради должината на гасоводот, „нема да ги почувствуваме ефектите веднаш, потребно е малку време”, рече Бајден.

Ројтерс денес соопшти дека јапонскиот јавен радиодифузер НХК објави дека Дарк Сајд е обвинет и за кибер напад врз европската подружница на јапонската корпорација Тошиба.

Во меѓувреме, сервисот на ирската здравствена служба претрпе кибер напад. Пол Рид, извршен директор на извршната здравствена служба, рече дека нападот бил „значаен и сериозен“. ХСЕ ги затвори сите свои национални и локални ИТ системи, како мерка на претпазливост.

Американскиот гасовод минатиот петок им платил скоро пет милиони долари на хакерите, според „Блумберг њуз“, во кој се вели дека во замена за откупот добила алатка за дешифрирање на нејзините измешани датотеки, кои не работеле.

Од компанијата не коментираа дали платиле откуп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG