Линкови за пристапност

Демонстрации кај Белата куќа против план за нафтовод


Демонстрации кај Белата куќа против план за нафтовод
Демонстрации кај Белата куќа против план за нафтовод

Демонстрантите формираа човечки синџир околу Белата куќа во неделата попладне како знак на несогласување со плановите за нафтовод за кој велат дека би бил лош за животната средина.

Неколку илјади протестанти држејќи се за раце направија голем круг околу претседателската резиденција и зградите на двете страни од неа. Тие го повикаа претседателот Барак Обама, кој во тоа време не беше во Белата куќа, да ги поништи плановите за нафтоводот, што ќе носи нафта од песокот со катран во Канада до нафтените полиња во Тексас.

Обезбедувањето на Белата куќа за Гласот на Америка кажа дека немало апсења и дека демонстрациите биле мирни.

Стејт департмент во моментот го разгледува предлогот за нафтовод, но Обама индицираше дека ќе ја донесе конечната одлука.

Портпаролот на Белата куќа, Кларк Стивенс, кажа во неделата дека претседателот признава оти има „голем број критични прашања“ да се земат предвид, вклучувајќи ги климатските промени, јавното здравје и природните ресурси. Но, тој кажа дека Стејт департмент исто така ќе ја земе предвид енергетската безбедност на САД и економските прашања.

Портпарол на компанијата што стои зад нафтоводот во Канада тврди дека проектот ќе креира илјадници работни места и ќе ја намали зависноста на САД од странска нафта.

XS
SM
MD
LG