Линкови за пристапност

Денот на Пи


Денес по 28-ми пат се обележува денот чест на корисниот, ирационалниот и бројот без крај 3.14

Пи кој се користи во архитектурата и градежнижтвото, меѓу другото е однос на периметарот на кругот со неговиот дијаметар.

Според Piday.org. Пи е пресметан на повеќе од еден трилион бројки надвор од децималната точка. Како ирационален и трансцендентален број, тоа ќе продолжи бесконечно без повторување или шема. Доколку се потребни само неколку бројки за типична пресметка, бесконечната природа го прави Пи забавен предизвик да се запамтат и да се пресметаат повеќе и повеќе бројки.

Пи е познат многу одамна и е именуван по грчката буква во 1700-тите, според интернет страницата.

Првпат денот на Пи беше прославен на 14 март, 1988 година во Научниот музеј во Сан Франциско. 14 март е роденден на познатиот физичар Алберт Ајнштајн и денот на Пи ќе се прослави и на Универзитетот Пристон каде што живеел долги години.

XS
SM
MD
LG