Моделот - плаќање по учинок и реформите во здравството беа тема на денешните разговори на министерот за здравство Никола Тодоров со претставниците на неколку синдикати на лекарите и вработените во здравството. Дел од синдикалците беа задоволни од почетокот на преговорите.
„Стартот на преговорите, според наше видување, беше задоволувачки. Најмногу зборувавме за плаќањето по учинок и сметаме дека денес направивме видување за празнините, за тоа што треба да се направи. Се надеваме дека има добра волја за нашите барања“, рече Слободан Георгиевски од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, еден од трите синдикати, покрај Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и новоформираниот провладин синдикат „Мајка Тереза“, чии претставници денес разговараа со министерот.
Основниот Скопје 2 во четвртокот го забрани штрајкот на лекарите, најавен за денес, со образложение дека не биле исполнети условите за штрајк и немало програма по која ќе се одвива работата за време на неговото одржување.
Иако претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, д-р Дејан Ставриќ, побара неодамна формираниот синдикат „Мајка Тереза“ да се исклучи од преговорите, зашто тврдеше дека е нелегитимен преговарач кој ја поддржува Владата, тој, сепак присуствуваше на средбата.
„Не знам кој се тие, Мајка Тереза или баба Зумбула, но прво што ќе барам е да се исклучат од преговорите, не им е место таму“, изјави д-р Ставриќ.
Синдикатот што ги брани ставовите на министерот, пак, испрати соопштение дека се легитимен синдикат, дека се на страната на лекарите и дека најјголемата сила на синдикалните движења во преговори со власта е токму „нивната здруженост, а раздвојувањето би било контрапродуктивно“.
Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, пак, смета дека преговарачите се во „насока на подобрување и приближување на ставовите со министерот за здравство, но договор беше да не се дават изјави додека нема конкретен договор. Приоритетна точка беше допрецизирање на проектот плаќање по учинок, и, нормално, ние како Самостоен синдикат за здравство бараме - она што го имавме и како основно барање - до моментот на допрецизирање на проектот, исплатата по проектот да се стави во мирување. Сега-засега, овој предлог е на преговарачка маса во делот на приближување на ставот околу тој наш предлог“.
Според Каранфиловски, разговорите течат во добра насока кон подобрување и приближување на ставовите на синдикатите со оние на министерот.
Денешната средба беше закажана по вчерашниот протест на лекарите кои пред речиси сите здравствени установи во Македонија, со мирен протест, на министерот му порачаа дека се сериозни во намерата да му стават крај на лошиот третман на власта кон здравствените работници. Вчера, и покрај оспоруваната од експертите судска забрана за штрајк, лекарите ја користеа получасовната пауза од 11:30 до 12:00 часот и излегоа на штрајк во дворот на Клиничкиот центар во Скопје.
Според проценките на Самостојниот синдикат, околу 500 лекари излегле да протестираат против новиот систем за плаќање по учинок и со барање за зголемување на платите. Лекарите протестираа против новиот модел на министерот Тодоров, кој предвидува плаќање по учинок, т.е наградување и казнување на лекарите во зависност од тоа што сработиле во текот на денот, бројот на пациентите и тежината и интервенциите и операциите или прегледите.
За време на протестот, во секоја Клиника, амбуланта и операциона сала имало дежурни лекари кои ги опслужувале пациентите кои имале потреба од лекарска помош.
Планираниот генерален штрајк во здравството беше оневозможен со тужбата на министерот за здравство и, за македонски услови, експресната одлука на судот за забрана на штрајкот, за која дел од експертите тврдат дека е противуставна и противзаконска.
Според претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, д-р Ставриќ, и вчера имало опструкции на клиниките за кардиологија, нефрологија, токсикологија, неврохирургија и стоматологија, имало и психолошки притисок од директорите, а некаде имало дури и закани за затвор.
Д-р Милчо Пановски тврди дека не е јасно „што мисли министерот со неговата ароганција, не знам каде мисли дека ќе стигне, но ако продолжи вака, неуспехот ќе го платат пациентите!“.
Министерот Тодоров, пак, ниту вчера, ниту денеска не ги коментираше ваквите наводи.
Синдикатот не отстапува од барањата - платите да бидат зголемени за 100 отсто, што категорично го оспори министерот Тодоров, кој понуди покачување од само пет отсто. Претседателот на Синдикатот, д-р Ставриќ, вели дека лекарите се во огромно мнозинство против новиот модел на пресметка на платите по учинок, бидејќи имал многу аномалии и со него се занемарувал квалитетот.
Лекарите од Скопје вчера добија поддршка и од колегите од болниците од Тетово, Кочани, Битола, Штип... Илбер Бесими, претседател на Општинскиот одбор на Лекарската комора - Тетово, изјави дека тамошните лекари бараат донесување на закон за здравствени работници, покачување на платите според степенот на образование и модификација на моделот за плаќањето по учинок.
„Тие ги лоциравме како акутни проблеми кои би требало да се решат во рамките на здравствениот систем на Македонија“, изјави Бесими.
Следната средба на синдикатите со министерот Тодоров е планирана за понеделник идната недела.