Линкови за пристапност

Нови фотографии со некоректно однесување на војници


Фотографии на кои американски војници во Авганистан позираат со останки на бомбаши самоубијци предизвикуваат осуда од врвните американски и НАТО претставници.

Фотографиите од 2010 до кои дошол весникот Los Angeles Times покажуваат членови на американската армија како позираат со тела на бомбаши кои се самоубиле во напади. Весникот објави две од 18 фотографии на својата веб-страница.

Според весникот, американски војник ги обезбедил фотографиите за весникот под услов да остане анонимен со цел да привлече внимание на проблем во раководството и дисциплината за што тој верувал дека е закана за безбедноста на трупите.

Сликите ставени на веб покажуваа американски падобранци и авганистански полицајци како се смеат додека држат човечки нозе. Другата фотографија покажува војник наведнат над леш со брада додека држи рака на човекот.

Описот на весникот на другите фотографии е подеднакво грозоморен.

Војникот кој ги дал фотографиите рекол дека сите војници на нив имале некој кој бил убиен или ранет со рачно направени бомби или во напади на бомбаши самоубијци.

На веста за фотографиите реагираше Белата куќа, велејќи дека тоа во никој случај не ги отсликува стандардите на американската армија.

Американскиот Секретар за одбрана Леон Панета исто така силно го осуди однесувањето на војниците, за кое кажа дека не е во согласност со вредностите и професионализмот на мнозинството на американските трупи во Авганистан денеска.

XS
SM
MD
LG