Линкови за пристапност

Што го допира твоето лице и шири КОВИД?


Чистењето на телефонот е една од мерките кои здравствените работници ги препорачуваат за да се спречи ширењето на коронавирусот

Нов хаштаг, покрај #мијгирацете, #покријјаустата и #останидома, треба да се додаде на напорите за превенција од ширење на КОВИД 19.

Тое е хаштагот #чистиготелефонот

Американскиот центар за контрола и превенција на болести препорачува чистење на сите високо-технолошки површини секој ден, како што се телефоните, тастатурите и компјутерите.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести препорачува чистење на сите високо-технолошки површини секој ден, како што се телефоните, тастатурите и компјутерите.


Вирусот може да живее до три дена на пластични и челични површини, велат експертите, и со тоа постои ризик од негово пренесување кога се допираат контаминираните површини, како што е допирањето на екранот на телефонот.

Но, чистењето треба да се прави внимателно, бидејќи во спротивно уредите може да се расипат.

Еве неколку совети како да не го дезинфицирате вашиот телефон:

· Не прскајте дезинфекциски средства директно на телефонот

· Не ставајте течности на телефонот

· Не користете компресиран воздух за чистење на телефонот или компјутерот

· Избегнувајте чистење на телефонот со груби материјали

Пред да го чистите телефонот тој треба да биде исклучен од полнач. Може да употребите влажни марамчиња со 70% алкохол. Производителите на телефони препорачуваат дека кога телефонот се чиси со влажно марамче тоа треба да се прави нежно.

Кога наместо марамче користите хартија или парче облека за чистење на телефонот, средството за дезинфекција треба да се прска на нив, а не директно на телефонот.

Чистењето на телефонот е една од мерките кои здравствените работници ги препорачуваат за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG