Непознат напаѓач упаднал во казино во главниот град Манила. Десетици лица се повредени.
Властите велат дека најверојатно се работи за грабеж. Кај осомничениот е пронајдена торба со чипови за коцкање во вредност од 226.000 долари.
Најмногу жртви од нападот се од чадот и знаци на гушење.
Пукотниците и експлозии биле пријавени во „Ресорт ворлд Манила“, хотел во Пасау, јужно од главниот град на Филипините.
Од фотографии објавени на социјалните мрежи, се гледало како од зградата излегува чад.
Полицајци и спасувачки екипи се на местото на настанот.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте претходно вети дека ќе ги „избрише“ џихадистите на Исламската држава во Maрави.
Досега, од борбите во Maрави загинале најмалку 120 милитанти, 30 безбедносни сили и 24-ца цивили.
Facebook Forum