Линкови за пристапност

САД бараат објаснување за коментарите на Дутерте


Американски дипломат денес се сретна со филипинскиот секретар за надворешни работи, во обид да добие разјаснување за намерите на филипинскиот претседател

Највисокиот американски дипломат за Азија Даниел Расел денес се сретна со филипинскиот секретар за надворешни работи, неколку дена откако претседателот на Филипините Родриго Дутерте најави дека ќе ги прекине врските со САД.

На средбата, Расел нагласи: „Контроверзните изјави и коментари на Дутерте, како и климата на несигурност за филипинските намери, предизвикаа изненадување и загриженост во многу држави, не само во мојата“.

Тој рече дека Вашингтон го поздравува намалувањето на тензиите меѓу Манила и Пекинг под владеење на Дутерте, но оти нивното зближување не треба да биде на сметка на релациите меѓу САД и Филипините.

Во саботата, претседателот Дутерте изјави дека Манила ќе направи сопствени одлуки за надворешната политика, независни од Вашингтон.

По Филипините, Расел ќе отпатува во Камбоџа, да се сретне со претставници на Владата, опозицијата и на граѓанскиот сектор.

XS
SM
MD
LG