Линкови за пристапност

Рикер: Холбрук беше лидер во уметноста на водењето мир


Рикер: Холбрук беше лидер во уметноста на водењето мир
Рикер: Холбрук беше лидер во уметноста на водењето мир

Беше навистина извонреден дипломат, лидер во уметноста на водењето мир, за Холбрук вели амбасадорот на САД во Македонија

Глас на Америка на македонски: Како најповеќе ќе се сеќавате на Ричард Холбрук?

Филип Рикер: Имав привилегија едно време од својата кариера директно да соработувам со амбасадорот Холбрук, како негов портпарол и помошник за печат за време на дел од неговата работа на Балканот, заедно со амбасадорот Кристофер Хил. Беше навистина извонреден дипломат, лидер во уметноста на водењето мир. Имаше несекојдневна пасија по историјата и пасија по драматиката на дипломатијата. Во овој дел од светот долго ќе се памети по тоа што стави крај на војната во Босна, спречи војна во други делови на регионот и по тоа што сакаше Балканот да биде дел од една целосна и слободна Европа.

Глас на Америка на македонски: Американските медиуми го нарекуваат Холбрук маркантна фигура на американската дипломатија. Како некој кој има тесно соработувано со него, кој е главниот квалитет што тој го донесе во дипломатските напори во Босна, или на Косово?

Филип Рикер: Можеби неговото чувство за историјата, неговото разбирање дека историјата не го осветлува само минатото, туку и сегашноста, и не` води во иднината. Тој самиот еднаш напиша за неодоливото патешествие преку историјата, што беше неговиот живот и што беше дипломатијата која ја практикуваше. За оние од нас кои беа среќни да пловат на тој брод со него, тоа беше исклучително искуство.

XS
SM
MD
LG