На тротоарите на авенијата Кенсингтон во американскиот град Филаделфија, сојузната држава Пенсилванија корисниците на дрога поставиле импровизирани шатори, нарекувајќи го кампот нивни дом. Под стариот железнички мост, каде светлината тешко продира остатоци од пластика прелетува преку старите душеци.
Ерик Белфоар за прв пат пробал хероин кога имал 16 години. На 20 годишна возраст тој започнал да користи дрога интравенозно. Тој сега има 36 години и живее во еден од шаторите на авенијата, откако изгубил се`- семејството, пријателите и работното место.
Деца се шетаат низ камповите на Кенсингтон и низ трите други улици, тажен потсетник за злоупотребата на дрога во оваа заедница.
Загрижени за здравјето и безбедноста на жителите кои живеат овде, претставници на градот во јануари 2018-та година формулирале план за чистење на заедницата.
„Од морална перспектива, лицата кои кампуваат таму навистина немаат друга опција. Ова не е безбедна и здрава животна средина“ вели Лиз Херш, директорка на Канцеларијата за услуги за бездомниците.
Планот на градот е спречување на смртните случаи од предозирање и да ги натераат зависниците да се лекуваат.
„Ова е криза со историски пропорции“, вели д-р Томас Фарли, комесар за здравство во градот. „Во Филаделфија минатата година од предозирање со дрога починале илјада двесте и седумдесет лица.“
Жителите на камповите се свесни за нивната состојба.
„Тоа е битка за спасување на сопствената душа, да се остане жив и да не се случи нешто лошо, да се преживее во текот на денот.“ рече Белфоар.
Тој во моментов е на 90 дневна програма за лекување, со можност да добие постојано домување.
Порано годинава, со минимални државни и федерални ресурси тимови работеа да ги привлечат зависниците во засолништата, кои за жал се полни, а градските власти не се сигурни кога ќе има повеќе легла.
Загриженоста на жителите се изразува на различни состаноци во заедницата, сите сакаат да се стави крај на епидемијата со опијати. Сепак, некои го поддржуваат потегот за расчистување на камповите, а други се колебливи. Тие сакаат да обезбедат третман за овие лица.
Овој страв од непознатото виси над поделената заедница. Градските власти сметаат дека е до нив да бидат катализатор за промените.
Facebook Forum