Линкови за пристапност

Изречени 12 затворски казни за случајот „Фаланга 2“


Според обвинението, осудените без дозвола или овластување ископувале артефакти, а потоа нелегално ги продавале во Македонија и странство.

Кривичниот суд во Скопје ги соопшти пресудите за случајот „Фаланга 2“ против 16 лица. Изрече 12 затворски и 4 условни казни за злоупотреба на службената положба, прикривање и тешка кражба

Обвинението ги товареше дека незаконски ископувале и продавале артефакти. Судот им ја укина мерката притвор на сите обвинети и им изрече мерка куќен притвор и други алтернативни мерки. За одбраната ништо не е завршено, бидејќи најави дека битката ќе ја продолжи на апелација.

Според обвинението, осудените без дозвола или овластување ископувале артефакти на локациите Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје, а потоа нелегално ги продавале во Македонија и странство.

Највисока казна доби првообвинетиот поранешен раководител на Управата за заштита на културно наследство, Илче Бојчевски - 7 и пол години затвор.

Поранешниот директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, доби 3 години затвор. Според обвинителството, тој, злоупотребувајќи ја службената положба, незаконски издал дозволи за ископувања кај Делчево и Велес.

XS
SM
MD
LG