Линкови за пристапност

Пју: Кина го презема местото на САД како суперсила


САД и натаму уживаат подобар глобален имиџ од Кина

Ново истражување на истражувачкиот центар Пју вели дека светот се` повеќе верува оти Кина со време ќе ги надмине САД како светска суперсила.

Во нешто повеќе од половина од 39-те држави во кои е извршено истражувањето, САД се` уште се сметаат за најголема светска економија. Но мнозинството на луѓето во 18 од државите кажале дека Кина со време ќе ги надмине САД.

Истражувањето објавено во четврток сугерира дека САД и натаму уживаат подобар глобален имиџ од Кина. Шеесет и три проценти биле понаклонети кон САД споредено со 50 проценти за Кина.

Но рејтингот за наклонетост варира зависно од регионот. Истражувањето нашло дека имиџот на Кина е слаб кај најблиските соседи. Имиџот на САД е најнегативен кај држави со муслиманско мнозинство.

Сепак дури и кај државите со најголема нетрпеливост спрема САД истражувањето покажало дека испитаниците веруваат дека тоа нуди повеќе лични слободи за своите граѓани. Седумдесет проценти на Пју му кажале дека САД ги почитуваат индивидуалните слободи, додека само 36 проценти тоа го кажале за Кина.
XS
SM
MD
LG