Линкови за пристапност

Американците поделени околу прашањата за поседување оружје


Нова анкета покажува дека Американците се длабоко поделени околу прашањата поврзани со политиката за поседување на оружје, исто како што се поделени за имиграцијата, здравствената заштита и други политички прашања што ја поларизираа нацијата.

Истражувањето на Центарот Пју, покажува остри разлики во ставовите меѓу сопствениците на оружје и оние кои не поседуваат огнено оружје.

Преку половина од сопствениците на оружје, поддржуваат креирање федерална датотека на податоци, за следење на продажбата на оружје, додека 80 отсто од оние кои не поседуваат оружје, го поддржуваат напорот.

Нешто помалку од половина од сопствениците на оружје се залагаат за забрана на автоматско оружје, во споредба со речиси 80 проценти од оние кои немаат оружје.

Меѓутоа, постои заеднички став меѓу сопствениците на оружје и оние кои не поседуваат оружје по прашањето за спречување на лица со одредени ментални болести да можат да купат оружје. Речиси 90 проценти од испитаниците од двете групи веруваат дека на ментално болните лица треба да им биде забрането да купат оружје.

Истражувањето покажува дека околу 80 отсто од оние што поседуваат огнено оружје веруваат дека на лицата кои се на листата за забрането летање треба да им биде забрането купување оружје.

Големо мнозинство од двете групи поддржуваат проверки на оние кои купуваат оружје.

Истражувањето, исто така покажа дека најмалку две третини од Американците живеат во домаќинство каде има оружје. Нешто повеќе од половина од испитаниците кои никогаш не поседувале пиштол барем еднаш испукале куршум.

15 проценти од Американците кои поседуваат огнено оружје велат дека пукале или се заканиле дека ќе пукаат во самоодбрана.

Речиси 40 проценти од сопствениците на оружје велат дека нивните пушки се наполнети и лесно достапни.

Меѓу анкетираните, речиси 1.300 се идентификувале како сопственици на оружје, додека повеќе од 2.600 се изјасниле дека не биле.

Повеќето сопственици на оружје се опишуваат како белци, мажи и републиканци.

Истражувањето исто така покажа дека за жителите на североисточниот дел на САД е најмалку веројатно дека ќе поседуваат оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG