Линкови за пристапност

Економскиот пад најтешко ги погодил малцинствата во САД


Економскиот пад најтешко ги погодил малцинствата во САД
Економскиот пад најтешко ги погодил малцинствата во САД

Новообјавен владини податоци покажуваат дека јазот на богатството меѓу белите и малцинствата во САД е најголем за последниве 25 години.

Истражувачкиот центар Пју во вторник објави студија на пописни цифри што покажува дека економскиот пад земал најголем данок од јужноамериканските домаќинства, каде средната имотност опаднала за две третини меѓу 2005 и 2009. Средната имотност кај црните домаќинства опаднала за околу половина, и само 16 проценти кај белите домаќинства.

Имотноста – што е имот минус долг – за просечни бели домаќинства во 2009 била околу 113.000 долари. За Хиспанците, била 6.325 долари и за црните близу 5.700 долари.

Студијата кажа дека рецесијата имала поголемо влијание на малцинствата зашто тие повеќе инвестирале во купување домови, додека белите домаќинства повеќе инвестираат во акции.

Берзата на акции побрзо се опорави отколку пазарот за домување.

XS
SM
MD
LG