Линкови за пристапност

Петровска за состојбата на Косово: Погрешна е одлуката на косовските власти, насилството не води никаде


Три години членство во НАТО, показна вежба на македонската армија и свеченост во касарната Илинден во Скопје
Три години членство во НАТО, показна вежба на македонската армија и свеченост во касарната Илинден во Скопје

Последната одлука на косовските власти јас ќе ја означам како погрешна одлука. Во услови кога сите се залагаме за отворените прашања да се решат низ дијалог, примената на насилство не нè води никаде, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска за новите косовски тензии

Петровска за состојбата на Косово: Погрешна е одлуката на косовските власти, насилството не води никаде

Примената на насилството не нè води никаде, одлуката на косовските власти е погрешна. Тоа е оценката на министерката за одбрана, Славјанка Петровска која одговараше на новинарско прашање за безбедносната состојба во земјава и во регионот како последица од тензиите во Косово.

Славјанка Петровска: Состојбата на Косово да се реши мирно
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:55 0:00

„Последната одлука на косовските власти јас ќе ја означам како погрешна одлука. Во услови кога сите се залагаме за отворените прашања да се решат низ дијалог, примената на насилство не нè води никаде“, рече Петровска.

Во услови кога сите се залагаме за отворените прашања да се решат низ дијалог, примената на насилство не нè води никаде
Славјанка Петровска

Таа изрази надеж дека Белград и Приштина ќе се вратат кон дијалог и додаде дека Северна Македонија е безбедна земја.

„Верувам дека ќе се најде начин таа одлука да се промени и дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе продолжи, а со цел да се изнајде најдобро прифатливо решение, кое апсолутно нема да биде на штета на која било од страните. Република Северна Македонија е силен поборник и заложник за мир и стабилност во регионот“, рече Петровска за тензичната состојба на Косово која настана откако во реоните со мнозинско српско население новоизбраните градоначалници Албанци со помош на полицијата се обидоа да влезат во општинските згради.

Уставните измени веќе долго време зборуваме дека треба да се случат за да го продолжиме патот кон европска интеграција
Славјанка Петровска

Министерката Петровска се осврна и на уставните измени, при што посочи дека е потребно тие да се донесат за да се продолжи по патот кон ЕУ.

„Уставните измени веќе долго време зборуваме дека треба да се случат за да го продолжиме патот кон европска интеграција. Нема поразумна одлука од тоа да седнеме, да разговараме за уставните измени на маса и да ги дадеме предлозите за најдобро можно решение за секој од нас“, рече Петровска.

Министерката за одбрана денеска беше дел од Владината делегација на т.н. Ден за високи гости на армискиот полигон Криволак, каде армиските сили ги покажаа своите вештини во рамките на вежбата „Брз одговор 23“.

Годинава учествуваат повеќе од 1800 припадници на македонската армија, како и од армиите на САД, Албанија, Црна Гора, како и од Косово.

XS
SM
MD
LG