Линкови за пристапност

Петровска: Подготвена сум да бидам носителка на кандидатска листа, но и да не бидам


Славјанка Петровска, Министерка за одбрана
Славјанка Петровска, Министерка за одбрана

Јас сум подготвена ако се направи проценка, да бидам носител на листа, да бидам пратеник, а можам и воопшто да не бидам, рече министерката Петровска одговарајќи на новинарско прашање

Подготвеност да биде носителка на кандидатска листа, но и воопшто да не биде, изрази министерката за одбрана, Салвјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали таа би се појавила на водечките позиции во изборините единици за претстојните парламентарни избори.

„Таа одлука сè уште не е донесена во рамките на партијата. Многу пати до сега одговорив дека jас сум подготвена, ако се направи проценка, да бидам носител на листа, да бидам пратеник, а можам и воопшто да не бидам“, рече Петровска.

На кусиот денешен брифинг со новинарите во министерството, Петровска рече дека е кооперативна по тоа прашање и додаде дека носителите на кандидатските листи треба да се квалитетни лица кои треба да ги оправдаат очекувањата од гласачите.

„Тоа што до сега го правам на сите позиции на коишто сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и секогаш да дадам придонес за државата“, истакна Петровска.

XS
SM
MD
LG